„Електрани на Македонија“ со сопствени средства и средства со заем од Дојче банк во наредните месеци ќе го гради главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод - Гнеотино до површинскиот коп Суводол. Вкупната инвестиција е 18,6 милиони евра, од кои 2,6 милиони се сопствени средства, а 16 милиони се заем од Дојче банк, за што вчера беше потпишан договор. Гаранција за заемот е државата. Овој транспортен систем ќе овозможи континуиран, брз и ефикасен транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот во новиот површински коп Брод – Гнеотино, до истоварното место на јагленовиот систем во рудникот „Суводол“. Избрана е траса во вкупна должина од 10 километри.
„Електрани на Македонија“ со сопствени средства и средства со заем од Дојче банк во наредните месеци ќе го гради главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод - Гнеотино до површинскиот коп Суводол.
Вкупната инвестиција е 18,6 милиони евра, од кои 2,6 милиони се сопствени средства, а 16 милиони се заем од Дојче банк, за што вчера беше потпишан договор. Гаранција за заемот е државата.
Овој транспортен систем ќе овозможи континуиран, брз и ефикасен транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот во новиот површински коп Брод – Гнеотино, до истоварното место на јагленовиот систем во рудникот „Суводол“. Избрана е траса во вкупна должина од 10 километри. „Со реализацијата на проектот ќе се заокружи процесот на производство и испорака на јаглен од новиот површински коп до постојниот рудник Суводол и потоа заедно со јагленот од постојниот рудник Суводол и од подинската јагленова серија на рудникот Суводол очекуваме да го продолжат векот на работа на РЕК Битола во наредните 20 до 25 години, рече на потпишувањето на договорите генералниот директор на ЕЛЕМ“, Влатко Чингоски.
Тој информира дека за целосно отворање на површинскиот коп Брод -Гнеотино беа потребни вкупни инвестиции од 94 милиони и оти досега ЕЛЕМ има вложено над 65,5 милиони евра од кои 42,8 милиони сопствени средства, а останатите 22,7 милиони евра се обезбедени преку кредитни средства. Заемот, е даден под исклучително поволни услови - 17 полугодишни рати со камата, која сега изнесува 2,9 отсто. „Овој заем одобрен на ЕЛЕМ е резултат на петгодишни преговори, рече заменик-претседателот на Дојче банка, Мајкл Цоф.